Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2021

Хургада

Хургада

Египет е северноафриканска држава која последните децении доживува вистинска експанзија како туристичка дестинација. Лоциран е во североисточниот дел на континентот, се граничи со Либија, Судан, Израел, Гиза, и излегува на Средоземното и Црвеното море. Географски доминираат реката Нил со плодната зелена долина, како и источните и западните пустини. Престолнината на Египет е Каиро - најголемиот град на Африка, современа метропола со многубројни контрасти, од ексклузивни владини згради, палати, модерни објекти на најпознатите светски хотели, клубови, барови, бродови, ексклузивни ресторани долж брегот на реката Нил со три преубави острови, трговски центри, продавници, голф клубови...  до неурбанизирани квартови, руинирани згради, еднолични бои на пустината, шарени улични тезги.Места кои се неизбежни при посетата  на оваа дстинација се познатите археолошки наоѓалишта од Горен и Долен Египет: пирамидите во Гиза, Сфингата и нејзиниот храм, египетскиот музеј, Луксор, Долината на кралевите, Александрија...Покрај многуте културно - историски атракции, Египет е дестинација со прекрасни летувалишта од кои најпознати се Хургада и Шарм Ел Шеик.

ХУРГАДА

Хургада е бисер на египетскиот туризам. Лоцирана е на западниот брег на Црвеното Море, со крајбрежје во должина од 40км. Градот е поделен на три дела: El Dahar - стариот град, Sakala – нов дел и центар на Хургада и Al Memsha - модерен кварт со голем број на луксузни хотели.

Атрактивноста на оваа дестинација пред се е резултат на нејзината местоположба на Црвеното Море или „морето во седум бои“ кое е најтопло море во светот (19C во зима, 32C во лето) богато со исклучителен подводен свет од кој одредени видови живеат само во овие води и преку 200 корални гребени од кои 50 се токму во Хургада. Вистинско доживување се спектакуларните рекреативни нуркања кои се причината за огромниот интерес и посети на туристи и љубители на природата од целиот свет. Извонредната клима, сончевите денови кои се застапени 99% годишно и просечната температура од 30C овозможуваат прекрасен престој во било кој период од годината. Во најтоплите месеци, јули и август, температурите достигнуваат до 45C, но влажноста на воздухот е 0% така што и највисоките температури не се непријатни за посетителите. Хургада е извонредна туристичка дестинација која нуди можности да ги задоволи вкусот и потребите и на најпребирливите гости. Романтика, мир и спокој, прекрасни песочни плажи заплиснати со кристалното тиркизно море и опуштена атмосфера од една страна, наспроти забава, динамика, водени спортови, аква паркови, нуркање, извонредни екскурзии за авантуристи и за оние кои сакаат да ги посетат најпознатите и најзначајни историски места во Египет.
Најголемиот број од хотелите се со исклучително богати и разновидни содржини, а самиот центар на Хургада и историските локации во околината се лесно достапни за гостите на ова летувалиште.

El Dahar - стариот дел на Хургада е одличен за оние кои сакаат да го доживеат вистинскиот египетски начин на живот, ориенталниот дух и муслиманските обичаи. Оваа област е позната по големиот број продавнички каде може да се купат најразлични сувенири, накит, парфеми, слики на папирус, зачини и многу други автентични производи. El Dahar e  вистинско место и за забава која ја нудат  бројните ноќни клубови и барови.

Sakkala - центарот на Хургада  е највозбудливиот дел каде се наоѓаат  најдобрите барови, дискотеки, кафетерии,  ресторани, продавници за сувенири, супермаркети, шеталишта и сл. Во Sakkala се наоѓа и пристаништето на Хургада кое има прекрасен булевар   со панорамски поглед на прекрасното Црвено Море, каде можат да се најдат многубројни  содржини за разновидни активности.
al  MaMSha - се наоѓа 7km јужно од Sakkala и е позната како модерниот дел на Хургада. Тука се наоѓаат повеќето од најлуксузните хотели. Иако во оваа област има барови, ресторани, продавнички, важи за еден од помирните делови на Хургада одличен за релаксирани вечерни прошетки.

Sahl  haShEESh - е луксузен ресорт лоциран во мал залив 20km јужно од Хургада, кој  константно се проширува и е со тенденција да прерасне во  самостојна  туристичка дестинација поголема од Хургада. Во овој ресорт  се наоѓаат  исклучиво луксузни хотели со изобилство на разновидни содржини, погоден за оние кои сакаат мирен и релаксиран одмор.

МakaDi Bay  - нов туристички ресорт лоциран во мал природен залив на 40km јужно од Хургада. Иако овој дел е опкружен со пустина, познат е по исклучителното зеленило и чистотата. Особено внимание се посветува  на заштита на животната средина.  Мakadi се издвојува и  по својата  квалитетна услуга со високи стандарди. Идеален е за фамилии и за оние кои бараат помирна дестинација за одмор.

El GОuna- се наоѓа 47км северно  од  Хургада,  ресорт прераснат во мало градче изградено на 10км долга плажа, со мали островчиња, канали со морска вода и лагуни. El Gouna е дестинација со сите неопходни содржини потребни за удобен, безгрижен престој и најразновидни активности кои ќе ве окупираат и забавуваат во текот на вашиот одмор.


SoMa Bay - е прекрасен полуостров кој се наоѓа на истоимениот залив лоциран 57км јужно од Хургада и е олицетворение на мир, луксуз и убавина. Тука се наоѓаат најубавите песочни плажи со ситен  песок и панорамски поглед на пустинските планини. Во овој дел се најубавите и најскапи хотели кои се одликуваат со луксуз, стил и високи стандарди. Овој дел е најпогоден за нуркање и е богат со корални гребени. Целото опкружување, плажите и морето даваат впечаток како да сте на Сејшелските острови.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1. ден    СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).

од 2 до 6/9/10/13. ден     ХУРГАДА 
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн...).

7/10/11/14. ден   ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите до пладне, односно според правилата на хотелот по што завршуваат хотелските пансионски услуги. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот  два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (нраеднит ден).


СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА - ЛЕТО 2020
Early Booking попусти за резервации до 31.01.2020

ХУРГАДА Египет ПОАЃАЊЕ (C-INN) 10 ЈУНИ 19 ЈУНИ 26 ЈУНИ
ХОТЕЛИ ДЕНОВИ 8 ноќи / 10 дена 6 ноќи / 7 дена 13 ноќи / 14 дена
MINAMARK BEACH RESORT 4* All Inclusive 445 € 412 € 571 €
ELYSEES DREAM BEACH HOTEL  4* All Inclusive 462 € 425 € 581 €
ROYAL LAGOONS AQUA PARK RESORT & SPA 5* All Inclusive 463 € 424 € 599 €
LE PACHA RESORT  4* All Inclusive 463 € 424 € 615 €
ROYAL STAR BEACH RESORT 4* All Inclusive 471 € 430 € 621 €
SEA GULL BEACH RESORT  4* All Inclusive 485 € 442 € 646 €
GRAND SEAS HOSTMARK RESORT 4* All Inclusive 496 € 450 € 698 €
SEA STAR BEAU RIVAGE  5* All Inclusive 496 € 451 € 723 €
MARLIN INN BEACH RESORT 4* All Inclusive 496 € 451 € 664 €
BELLA VISTA 4* All Inclusive 504 € 456 € 652 €
CARIBBEAN WORLD SOMA BAY  5* All Inclusive 585 € 517 € 818 €
PYRAMISA SAHL HASHEESH  5* All Inclusive 590 € 520 € 806 €
ALBATROS WHITE BEACH 5* All Inclusive 880 € 737 € 1272 €
DANA BEACH RESORT  5* All Inclusive 948 € 788 € 1383 €
         

* Цена за возрасно лице во двокреветна соба, со авионски превоз,  аеродромски такси и трансфери.
* Во цените не е вклученa влезна виза за Египет 25 USD.



*** Времињата на летови може да претрпат промени и истите мора да се проверат пред поаѓање.


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 6, 9, 10 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

- За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманските услуги.   Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. “


НАПОМЕНИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).***

 

* ВАЛИДНОСТ НА ПАСОШОТ ДА БИДЕ МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ОД ДАТУМОТ НА ПРИСТИГНУВАЊЕ
* ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ