Внесете клучни зборови:
Јапонија – единствена сама по себе со уникатна култура и пејсажи, разновидна палета на бои кои се рефлекција на архитектурата, уметноста и духот на јапонците. Патување кое заслужува посебни внимание, бидејќи кај многумина буди чуство како да патувате на друга планета, само поради тоа што некои од работите ќе имате можност да ги видите саму таму.
Токио е посебна приказна овде. Град на политика, економија, култура и образование, а воедно и бизнис центар на овој дел на Азија. Токио Метрополис е најголемата агломерација во светот која брои повеќе од 26 градови и села, кои со текот на времето прераснале во еден град. Тој во кој денес живеат преку 35 милиони луѓе.
Кога ќе помислите на древна Јапонија, мислите на храмови, самураи, гејши, чај.. Тоа е Кјото! Преку него ќе се вратите назад во времето и ќе направите споредба со новиот и модерен Токио. Најпознатиот кварт Гион во Кјото е традиционално место кое брои локални ресторачиња и чајџилници каде што работат гејшите. Овде е снимен филмот “Мемоарите на една Гејша”!
Ги посетуваме и Хирошима, градот кој кога ќе се спомене неговото име, буди само лоши спомени и чуства кај
Авантурата завршува со посета на економскиот центар на Јапонија – Осака, град каде модерните се над традиционалните вредности.
13.04.2025 | СКОПЈЕ-ВАРШАВА-ТОКИО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Варшава во 13:30 часот. Слетуваме во Варшава во 15:30 часот. Транзит време до летот кон Токио (NRT) во 22:50 часот.
14.04.2025 | ТОКИО
Пристигнуваме на аеродромот во Токио (NRT) во 18:35 часот. Добродојдовте во Јапонија! По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер со брз воз кој е еден од печатите на оваа држава, се упатуваме кон хотелот лоциран во централниот дел на градот. Сместување во хотел (пр. APA Hotel Ginza Kyobashi Tokyo Eki Yaesu Minamiguchi 3*). Слободно време за одмор од летовите. Во вечерните часови го шетаме еден најуникатните градови во светот, ќе јадеме оргинално суши и ќе пиеме саке, за момент ќе се почуствуваме како локалните жители овде. Ноќевање.
15.04.2025 | ТОКИО (факултативен излет во Токио – Дел 1)
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуално истражување на градот или факултативно се впуштаме во авантура. Препорачуваме разглед на градот Токио, кој поради својата големина невозможно е се’ што тој нуди да се види во еден ден, па така овој излет би го реализирале во 2 посебни дена. На првиот дел од разгледот ќе го посетиме живописниот дел на градот во кој се уште може да се почуствува духот на старата Јапонија – Асакуса (Asakusa). Овде ќе ги видиме едни од најважните храмови на Еdo периодот, Сенсо-џи (Sensō-ji) или Asakusa Kanon. Ќе ја посетиме и улицата Накамисе (Nakamise) која се наоѓа во непосредна близина, а каде ќе имаме прилика да пробаме традиционални јапонски слатки. Нашиот зен го бараме во паркот Ueno, каде уживаме опкружени со илјадници јапонски цреши кој цветаат во овој период од годината, притоа правејќи глетка која засекогаш останува во нашите сеќавања. Кратка пауза пред посетата на познатата Кралска Палата во која не дозволуваат посетители, но се наоѓа во живописен парк во самиот центар на градот, каде можеме да направиме изворедни фотографии. Ја посетуваме третата највисока зграда во Токио, односно Metropolitan Government (Tocho), каде уживаме во неверојатниот панорамски поглед на градот. Ќе ја посетиме областа Шинџуку (Shinjuku), во која се наоѓаат високи облакодери, широки трговски улици и безброј кафулиња, барови и ресторани. Овој ден го завршуваме со посета на областа Кабукичо (Kabukicho), која важи за една од најважните области во Токио, преполна со уникатни барови, робот ресторани и безброј дискотеки каде ќе танцуваме цела ноќ J. Ноќевање.
16.04.2025 | ТОКИО (факултативен излет во Токио – Дел 2)
Појадок во хотел. Одморени од претходниот ден, ја продолжуваме потрагата по Токио, со вториот дел на разглед на овој уникатен град. Ќе го посетиме квартот Цујкуџи (Tskukiji) или познат како јапонскиот град на храната, каде ќе имаме можност да вкусиме традиционална јапонска храна, оргинално јапонско суши и други специјалитети од свежа риба. Патот не води кон Гинза, најстариот и најпознат шопинг кварт во Токио, традиционалниот Кабуки (Kabuki) театар, кој претставува традиционална јапонска форма на театрар, чии корени датираат од Едо периодот. Продолжуваме во една од најживописните области на токио – Шибуја, која важи за шопинг област, која брои стотици стоковни куќи и трговски центри. Следна е областа Харајуку (Harajuku) или срцето на јапонската младинска култура, како и Омотесандо (Оmotesando), најскапиот кварт во Токио. Меиџи Храмот (Meiji Shrine) е последната станица за денешниот ден, изграден во класичен шинто стил. Во вечерните часови уживаме со пијалок во некои од локалните барови во Шибуја. Ноќевање.
17.04.2025 | ТОКИО (Факултативен излет до езерото Кавагучи/Kawaguchi и планината Фиџи/Mt. Fiji)
Појадок во хотел. За овој ден препорачуваме eдна поинаква авантура до планината Фиџи, со локален водич на англиски јазик и тргнување од Токио, каде ќе уживаме во преубавиот панорамски поглед кон езерото Кавагучи, возејќи се на жичара и шетајќи по древниот древното село Ошино Хакаи (Oshino Hakkai). Тргнуваме од Токио рано наутро и се упатуваме кон планината Фиџи и најпопуларното место на Инстаграм (Lawson Store Kawaguchi), за фотографии со најпознатата планина овде, но и во светот. Уживаме во глетката на Фуџи, во комбинација со сладолед или топол пијалок (бесплатно). Ќе бидеме вклучени во сесија за подготовка на познатиот зелен чај – Matcha, притоа уживајќи шолја чај која сами ќе си ја подготвиме. По ова искуство, доаѓаме до брегот на езерото Кавагучи кое е на 830 метри надомска висина, за живописна глетка и фотографии на езертото и планината Фуџи. Со жичара се качуваме на на 1075 метри надморска висина за уште поубав панорамски поглед. Следно на агендата е древното село Ошино Хакаи, кој е лоциран помеѓу езерото Јаманака и езерото Кавагучи. Ова село, своето име го добива пораид прекрасниот распоред на осумте бистри изводи овде. Истите, во комбинација со величенствената планина Фуџи создаваат прекрасен пејсаж пред Вашите очи.
18.04.2025 | ТОКИО
Појадок во хотел. За денешниот ден препорачуваме посета на Warner Bros Studio – The Making of Harry Potter. Не постои човек кој не знае за авантурите на Хари Потер, а овде ќе имате екслузивна можност да се почуствувате како дел од светот на магијата. Во предвечерните часови препорачуваме да го посетите музејот кој е единствен во светот. Со помош на светлосните ефекти, чуствувајте се како да одите по вода, биде едно со природата, со цвекињата, допрете ги ѕвездите и најразличните форми кои ќе излезат пред Вас. Поинакво, магично искуство. Ноќевање.
19.04.2025 | ТОКИО-ОСАКА.
Појадок и одјавување од хотелот. Го напуштаме хотелот и се упатуваме кон станицата каде до Осака се возиме со најпознатите bullet trains, со кои за 2 часа поминуваме над 500 килемтри. Попатно уживаме во убавините на величенствената планина Фуџи (доколку временските прилики ни дозволат). По приститнувањето во Осака, се сместуваме во хотел (пр. APA Hotel Higashi Umeda Minami Morimachi Ekimae 3*). Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.
20.04.2025 | ОСАКА (Факултативен разглед на градот)
Појадок во хотел. Препорачуваме факултативен разглед на Осака, каде шетајќи низ него, носиме заклучок дека ова е еден одлично уреден град со 9 милиони жители. Ручаме во Дотонбори кварт во градот, која е гастрономски центар во Јапонија поради големиот број на ресторани. Тука се наоѓа Кани Дораку, познатиот “краба знак” – покрај кој секој турист се фотографира. Не пропуштајте да ги пробате такојаки куглите и окономијаки палачинките. Градот изгледа футуристички. Тука настанал првиот робот на светот, а ние ќе запознаеме уште една димензија на Осака. Ќе ја посетиме внатрешноста на дворецот во Осака, која е сега музеј од времето на самураите. Во прашање е исклучителна градба од 17-тиот век. За дворецот е заслужен шогунот Хидејоши Тојотоми, итар владетел кој повеќе од се’, сакал жени и чај. Како таков бил и запамтен – необичен хедонист, што од него наследиле и сегашните жители на Осака, кои ги бие ист глас. Специфично за замокот е што тој монументално се издигнува над сакура крошните. Индивидаулно поминато попладне. Ноќевање.
21.04.2025 | ОСАКА (факултативен излет во Кјото)
Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални активности или факултативен излет во Кјото. “Градот на илјада години” е синонимот по кој е познат Кјото. Кога ќе помислите на Кјото, Вашите мисли патуваат во древната Јапонија, полна со храмови, самураи и гејши. За момент се враќаме во времето и сведочиме на лудиот констраст со модерниот Токио. Храмот Кинкаку-џи (Kinkaku-ji) или Златниот павилјон кој е најпознатиот будистички храм во Кјото. Градината на храмот е класичен пример на градинарска култира од 14тиот век, а горните два ката с покриени со златни листови. Зеленило, езерце и дрвја не носат во едно поинакво време. Следна на нашата агенда е познатата бамбусова шума – Арашијама, која важи за едно од најзелените и најфотогенични места во целата земја. За крај на овој излет, го посетуваме најпознатиот кварт на Кјото – Гион. Традиционално јапонско место кое е полно со ресторани, чајџилници и места каде што работат познатите гејши. Интересен факт за ова место е дека тука е снимен култниот филм “Мемоарите на една Гешја”. Ноќевање.
22.04.2024 | ОСАКА
Појадок во хотел. За овој ден препорачуваме посета на паркот Нара, каде ќе уживаме во природа, хранејќи ги најубавите локални жители овде – срните. Место полно со храмови, чист воздух, мир и спокој. Дозволете си мирно попладне далеку од градскиот метеж на градовите. Поминуваме ден овде, се враќаме во попладневните часови. Последна ноќ во Јапонија! Ноќевање.
23.04.2024 | ОСАКА-ТОКИО-ВАРШАВА
Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер (брз воз) се упатуваме кон аеродромот Нарита во Токио. Се пријавуваме на шалтерите за лет кон Варшава во 22:35 часот.
24.04.2024 | ВАРШАВА-СКОПЈЕ
Пристигнување на аеродромот во Варшава во 06:00 часот. Транзит време на аеродромот во Варшава, до предвидениот лет кон Скопје во 10:40 часот. Пристигнување во Скопје во 12:50 часот.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 2490€
BLACK FRIDAY ПОПУСТ -100€
Пакет цената е изразена по лице, во двокреветна соба, при што истата вклучува:
Пакет цената НЕ вклучува:
ПАКЕТ ОД 5 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ: 350€
Напомени:
ОПИС НА ФАКУЛАТИВНИ ИЗЛЕТИ
1. Токио разглед дел 1 - Токио е главен и најголем град во Јапонија, ама не само таму, туку и во целиот свет! Ако го погледнеме поширокото подрачје на градот, Токио е најнаселената агломерација на светот со околу 38 милиони жители! Старото име на градот бил Едо, а во 19 век е сменето името во Токио што значи Источна престолнина. На ова место во 15 век имало мала рибарска населба, а градот почнал забрзано да се развива кога царот Меиџи го преселил кралството од Кјото во Токио. Градот официјално, под ова име, има статус на град од 1899 година. Во 20 век, овој град има претрпено големи катастрофи, некои природни, а некои како последица на војна. На почетокот на 20 век бил погоден од катастрофален земјотрес, во кој што животот го изгубиле над 140.000 луѓе, а исто така има претрпено и големи штети за време на Првата и Втората Светска војна. Меѓутоа, после војната, градот започнал забрзано да се развива и целата земја го добива епитетот Економско чудо, затоа што веќе кон средината на шеесетите години на минатиот век, била втора најразвиена економија на светот. Започнуваме во прекрасниот живописен дел од градот наречен Асакуса (Asakusa), место во кое може сеуште да се почувствува атмосферата и духот на старата Јапонија. Тука ќе посетиме еден од најважните храмови на Еdo периодот, Сенсо-џи (Sensō-ji) или Asakusa Kanon. Овој храм претставува оаза на духовноста, сместена помеѓу реките Sumide и TokioSkyTree, во дистриктот Ашакуша. Посветен е на божицата на милоста. На ова место ќе се запознаеме со приказната за двата големи системи на мислата, Шинтоизмот и Будизмот. Првите податоци за храмот потекнуваат од 645 година, што го прави најстар храм во Токио. Во непосредна близина се наоѓа и улицата Накамисе (Nakamise), позната по нејзините автентични продавници за сувенири и начичкани тезги каде имаме прилика да пробаме превкусни традиционални јапонски слатки. Продолжуваме во Ueno паркот каде го наоѓаме нашиот зен и уживаме во мирот и спокојот опколени со илјадници јапонски цреши!! Уено паркот е облечен во најубавото руво и тој е една од најголемите атракции на градот кои дефинитивно морате да ги видите. За да можеме подобро да го разбереме јапонскиот политички систем и нивната верност и послушност кон Царот, ќе го посетиме Империјал паркот кој е обиколен со средновековен канал. Доколку ни се создаде можност, ќе прошетаме низ Источната градина, а треба да се има во предвид дека Кралскиот Дворец е отворен за посетители само на два датуми, на 23.12. кога е роден Царот и за Нова Година. Царот Меиџи успеал да ја доближи земјата до западниот свет за многу краток период. Далекусежните и темелни промени и дале на Јапонија нов изглед, а царот добил нов храм во Токио. Потоа следува посета на Мetropolitan Government (Tochō), третата највисока зграда во Токио, каде ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед на овој неверојатен град. Во попладневните часови одиме во областа Шинџуку (Shinjuku), позната како област која „не спие“.
Дел 2 - Нашата авантура во Токио продолжува и следниот ден со посета на квартот Цукиџи (Tsukiji), јапонскиот „град на храната“ каде ќе наидеме на секаков вид традиционална јапонска храна. Уживаме во вкусот на оригиналното јапонско суши и други специјалитети од свежа риба. По ручек, ја продолжуваме нашата авантура кон Гинза, најстариот и најпознат шопинг кварт во Токио. Посетуваме традиционален Кабуки (Kabuki) театар. Кабуки претставува традиционална јапонска форма на театар чии корени датираат од Едо периодот. Продолжуваме во Шибуја, една од најживописните во Токио, област позната по шопинг и вообичаениот метеж на најпознатата раскрница на #целсвет!! Уживаме во шопинг во една од стотиците стоковни куќи и трговски центри во оваа област. Fun fact: во оваа област се започнати многу познати јапонски модни трендови! Како дел од нашата посета на Шибуја, ќе ја посетиме и областа Харајуку (Harajuku), која го претставува срцето на јапонската младинска култура и Омотесандо (Omotesandō), најскапиот кварт во Токио. Вечерта продолжуваме на пијачка во некои од локалните барови во Шибуја!
2. Осака разглед – Шетајќи низ Осака, носиме заклучок дека ова е еден одлично уреден град со 9 милиони жители. Ручаме во Дотонбори кварт во градот, која е гастрономски центар во Јапонија поради големиот број на ресторани. Тука се наоѓа Кани Дораку, познатиот “краба знак” – покрај кој секој турист се фотографира. Не пропуштајте да ги пробате такојаки куглите и окономијаки палачинките. Градот изгледа футуристички. Тука настанал првиот робот на светот, а ние ќе запознаеме уште една димензија на Осака. Ќе ја посетиме внатрешноста на дворецот во Осака, која е сега музеј од времето на самураите. Во прашање е исклучителна градба од 17-тиот век. За дворецот е заслужен шогунот Хидејоши Тојотоми, итар владетел кој повеќе од се’, сакал жени и чај. Како таков бил и запамтен – необичен хедонист, што од него наследиле и сегашните жители на Осака, кои ги бие ист глас. Специфично за замокот е што тој монументално се издигнува над сакура крошните.
3. Кјото разглед – Кјото е град лоциран во централниот дел на островот Хоншу кој има популација од околу 1.5 милиони жители. Овој град од 794 година, па се’ до 19-тиот век бил престолнина на Јапонија и кралски град. Првиот назив на градот некогаш бил Heian-kyo, што во превод значи “престолнина на мирот”. Меѓутоа, историјата на Кјото била далеку од мирна. Градот повеќе пати страдал во војни (најпознатата Онинска војна во 15-тиот век). За среќа, градот бил поштеден од страдања во Втората Светска Војна – иако во првиот залет, Кјото бил таргетиран како град на кој ќе се фрли атомската бомба, но сепак одлуката “паднала” на градот Нагасаки. Кјото е еден од ретките градови каде што можете сеуште да видите Јапонски традиционални куќи. Фушими Инари е една од најфотографираните туристички атракции во Азија. Во прашање е главното светилиште на богот Инари, кој е заштитник на оризот. Ова место претставува вистинска рапсодија на портокалови бои во шумско зеленило. Се проценува дека тука се наоѓаат околу 10.000 тори, односно “капии” кои водат до храмот. Киџомизу храмот е атракција која се наоѓа на рид кој со векови бил мета на аџиите. Храмот кој го посетуваме потекнува од 1633 година, додека првобитната градба е изградена уште во далечниот 8-ми век. Овој храм е единствен и поради тоа што глaвната сала е изградена на масивни дрвени столбови, без употреба на ниту еден клинец! Поради својата убавина овој храм бил дел од потесниот избор за едно од 7-те нови светски чуда. Покрај овој храм кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, тука е и Кинкакуџи – Златен павилион, со оглед на тоа што кровот на овој храм е прекриен со златни лисја. Првобитно е изграден како вила на шогунот Јошимичуа. По неговата смрт, станал зен храм, а денес зен градина го опкружува овој блескав павиљон кој во себе крие необични приказни за сопственото совршенство. Неколку пати е запален до темел, дури два пати во Онинската војна во 15-ти век, но и во неодамнешната историја. Во 1950 година, еден монах фанатик го запалил храмот и пробал да се самоубие. Храмот е обновен во 1955 година. Исто така, Ниџо замокот припаѓа во групата од 17 споменици кои се под заштита на УНЕСКО. Овој замок го изградил првиот шогун Токугава, го надградил неговиот внук, а во него – последниот шогун се пензионирал. По падот на Токугава шогунатот, кратко бил кралска палата, а потоа е отворен за јавноста. Гион е населба во Кјото, покрај реката, каде и денес постојат гејшите. Овие слатки Јапонки ги забавуваат своите гости со танц, игра, интересни разговори, служење чај и свирење на шамисену. Гејшите не се благонаклонети кон блицовите на туристите, бидејќи рестораните во Гион претставуваат нивни работни места.
4. Езеро Кавагучи и планината Фиџи – eдна поинаква авантура до планината Фиџи, со локален водич на англиски јазик и тргнување од Токио, каде ќе уживаме во преубавиот панорамски поглед кон езерото Кавагучи, возејќи се на жичара и шетајќи по древниот древното село Ошино Хакаи (Oshino Hakkai). Тргнуваме од Токио рано наутро и се упатуваме кон планината Фиџи и најпопуларното место на Инстаграм (Lawson Store Kawaguchi), за фотографии со најпознатата планина овде, но и во светот. Уживаме во глетката на Фуџи, во комбинација со сладолед или топол пијалок (бесплатно). Ќе бидеме вклучени во сесија за подготовка на познатиот зелен чај – Matcha, притоа уживајќи шолја чај која сами ќе си ја подготвиме. По ова искуство, доаѓаме до брегот на езерото Кавагучи кое е на 830 метри надомска висина, за живописна глетка и фотографии на езертото и планината Фуџи. Со жичара се качуваме на на 1075 метри надморска висина за уште поубав панорамски поглед. Следно на агендата е древното село Ошино Хакаи, кој е лоциран помеѓу езерото Јаманака и езерото Кавагучи. Ова село, своето име го добива пораид прекрасниот распоред на осумте бистри изводи овде. Истите, во комбинација со величенствената планина Фуџи создаваат прекрасен пејсаж пред Вашите очи.
5. Парк Нара – место каде ќе уживаме во природа, дружејќи се со најубавите локални жители овде – срните. Место полно со храмови, чист воздух, мир и спокој. Дозволете си мирно попладне далеку од градскиот метеж на градовите.
Корисни информации
ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Јапонија е островска држава во источна Азија сместена на ланец острови источно од Азијскиот континент, на западниот дел од Атлантскиот океан северно од Источнокинеското море. Јапонија ја сочинува архипелаг со повеќе од 3000 острови од кои најголеми се: Хоккаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу кои зафаќаат повеќе од 97% од површината. Двете јапонски букви кои го означуваат името на Јапонија значат “извор на сонцето“ па така целата земја често се нарекува “Земја на изгрејсонцето“. Јапонија е планинска земја, имајќи во предвид дека околу 80% од површината ја сочинуваат планини. Околу 66% од површината е покриена со шуми. По државно уредување Јапонија е уставна парламентарна монархија на чело со цар. Јапонија е десетта земја на свет по бројот на жители со нешто помалку од 128 милиони, од кои 99% се Јапонци. Главен град е Токио кој со соседните градови има околу 32 милиони жители и е најголемо метрополско подрачје во светот.
ВИЗИ
За државјаните на Р. С. Македонија не е потребна виза.
ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА
За влез во земјата не е потребна вакцина. Состојбата во поглед на нуклеарно зрачење е нормализирана (вода, тло, воздух, храна) и претставува предмет на секојдневни опсежни анализи на јапонските органи. Здравствената состојба во Јапонија е задоволителна. Водата од чешма е бактериолошки исправна и сигурна за пиење. Сепак, ние им препорачуваме на патниците да пијат флаширана вода.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Јапонија се наоѓа во временската зона UTC+09:00, односно +7 во однос на С. Македонија.
КЛИМА
Јапонија има умерена клима и 4 различни годишни времиња, но поради големата далечина од север кон југ климата варира од регион во регион. Крајниот север во зима е многу ладен, додека крајниот југ има суптропска клима. На климата покрај тоа влијаат и сезонските ветрови кои дуваат од континентот кон океанот во зима и во спротивен смер во лето. Доцниот јуни и раниот јули е период на дождови (освен во Хоккаидо), кога над Јапонија се наоѓа дождовен фронт (baiu zensen). Во доцното лето и раната есен од тропските подрачја со низок притисок над екваторот се развиваат тајфуни и поминуваат од југозапад кон североисток, често носејќи обилни дождови.
ХРАНА И ПИЈАЛОК
Постојат две јапонски кујни - и двете се традиционални. Едната е традиционална во вистинска смисла на зборот коа со векови се наоѓала на трпезата пред шеесеттите години на XIX век и јапонското отворање кон запад, и другата која всушност претставува воведување на нови состојки и познати јадења припремени на јапонски начин. Имајќи во предвид дека Јапонија е островска земја, во подготовка на јадењата се користат сите видови на морска риба, ракчиња и морски плодови во сите облици. Како задолжителни јадења на јапонската трпеза се вбројуваат разни видови на супа, речиси задолжителен прилог со секое главно јадење има варен ориз, а понекогаш како замена се служат и тестенини (нудли), додека главното јадење се состои во главно од месо или риба - варени, пржени, или печени на скара. Во подготовка на храната се користат и сите видови на зеленчук и овошје, голем број зачини од кои соја сосот е речиси задолжителна состојка така што јапонската кујна во главно е многу богато зачинета и во споредба со останатите кујни е значително посолена, но и многу помалку масна. Многу често месото, а особено рибата, се служи термички необработена како традиционалното суши или сашими. Кога станува збор за цените на оброк во ресторан, тие варираат во зависност од местото каде што јадете. Најевтин оброк можете да јадете во рестораните со брза храна каде јадат поголемиот дел од јапонците и каде оброкот ќе ве чини од 5-7 ЕУР. Во малку полуксузните ресторани оброкот чини во просек од 10-20 ЕУР.
БЕЗБЕДНОСТ
Јапонија важи за држава со високо ниво на јавен ред и мир, без ризик од вооружени пресметки и со ниска стапка на криминал во споредба со други развиени земји. Јапонија меѓутоа е земја со висок ризик од природни непогоди.
ОБЛЕКА
Без разлика дали патувате во Јапонија на пролет или есен, се препорачува слоевито облекување поради разликата помеѓу утринските и попладневните температури. Секако ве советуваме да понесете удобна облека како и тенка јакна за вечерните часови.
ЛОКАЛНА ВАЛУТА
Официјалната валута во Јапонија е јапонскиот јен (JPN, Yen) и тоа е единственото дозволено средство за плаќање. Плаќање со странска валута не е дозволено. По среден курс 1ЕУР = 125 ЈЕН, 1$ = 103 ЈЕН-и. можат да се користат платежните картички American Express, VISA, Diners Club и Master Card а во банкоматите картички со ознака Cirrus, PLUS, Maestro и Visa Electron но мора да напоменеме дека често се случува платежните картички да не поминуваат во Јапонија, па затоа Ве советуваме да се потпрете исклучиво на готовина.
ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Потребно е да понесете адаптер за електрична енергија. Струјата во Јапонија е 100 волти (САД 120 волти, Европа 230 волти). Адаптерот кој треба да го понесете со вас е со два текни и сплоснати влезови (како за во САД).
Превземи целосна понуда