Внесете клучни зборови:
Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни.
Програма за патување (24.05-28.05.2023)
1 ден: 24.05.2023 (Среда) Скопје – Солун-Никити
Состанок на групата во 04.30 часот на паркингот пред хотел Вип. Поаѓање за Солун во 05.00 часот.
Се патува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун. Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг или уживање во вкусно кафе покрај море. Во попладневните часови поаѓање кон Никити. Пристигнување во Никити. Сместување во вила Елени.
Ноќевање.
2-4ден: 25.05-27.05.2023 –Никити
Слободно време за индивидуални активности. Уживање на плажа и прошетка покрај море.
Ноќевање.
5ден: 28.05 (Недела)–Никити-Скопје
Слободно време за индивидиални активности. Во 14.00час поаѓање кон Македонија. Се патува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот 99 евра / 6.140 мкд
Цената на аранжманот вклучува:
*Автобуски превоз на наведената релација
*4 ноќевања во вила Елени во Никити
*Сместување во 1/3 и 1/4 студија
*Посета на Солун
*Организација на аранжманот и пратител на групата
Цената на аранжманот не вклучува:
*Задолжително патничко осигурување
*Туристичка такса -200 мкд по лице се плаќа во агенција
*Индивидуални трошоци
Попусти:
*За патување со сопствен превоз, се намалува по 600мкд по лице
**Трето и четврто лице (дете или возрасeн) имаат 50% попуст
l Во студиото е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
l За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
l Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
l Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
l Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето