Пребарување

Внесете клучни зборови:

Зима 2022

Aparthotel ZONED & SPA – Kopaonik

Aparthotel ZONED & SPA – Kopaonik

 

 

 

 

 

 

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 14.11.2021

ВАЖИ САМО ЗА ПРЕСТОЈ ОД 7 НОЌИ /НЕДЕЛА-НЕДЕЛА/

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ ЗА СМЕНИТЕ

19.12-26.12.2021

02.01-09.01.2022

09.01-16.01.2022

16.01–23.01.2022

30.01-06.02.2022

ДВЕ ДЕЦА ДО 12 ГОДИНИ ГРАТИС ПРЕСТОЈ

ApartHotel & Spa Zoned 4* е модерен објект изграден во планински стил кој се наоѓа во викенд населбата на само 3,5 km од центарот на Копаоник, на регионалниот пат Копаоник – Рашка. Објектот е изграден од најквалитетни материјали и со својата архитектура и содржини целосно прилагоден за туристичка намена. Нуди 96 сместувачки единици,  бесплатен бежичен интернет, релаксација во Wellness и Spa центарот (џакузи, парна бања, тепидариум, сауна, фитнес соба), хотелски бар, ресторан, пицерија, обезбеден паркинг, игротека, просторија со друштвени игри. Од сезона 2021/22 во понуда е уште еден објект Зонед 2 со уште 84 сместувачки единици како и внатрешен базен. Двата објекти се поврзани со топла врска.  Хотелот се наоѓа на 1,5 км од најблиската патека – Сончева долина. Достапен е бесплатен превоз до ски-центарот

 

Опис на сместувачките единици

Студио 2+1 – на пониски катови, стандардно опремено (25-30м2), со кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, француски или два единечни кревета + фотеља или софа на развлекување, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 1)

Студио Лукс 2+1 – на повисоките катови, луксузно опремено со декоративен камен на ѕидовите и дифузно халогено и лед осветлување (25-30м2), со кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, француски или два единечни кревета + фотеља или софа на развлекување, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 2)

Апартман 2+2, 2+3 – сместени на ниво на рецепција и пониско, стандардно опремени (35-40м2), спална соба со француски кревет, дневна соба со софа и фотеља на развлекување, кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 1)

Супериор Апартман 2+2, 2+3 – сместени на повисоки катови,  опремени (45-50м2), луксузно опремено со декоративен камен на ѕидовите и дифузно халогено и лед осветлување во дневната соба, спална соба со француски кревет, дневна соба со софа и фотеља на развлекување, кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, 2 ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 2)

Family deluxe apartman 4+2 – луксузно опремен апартман со 2 одделни спални соби француски легла + дневна соба со гарнитура на развлекување и поглед на планина, опремена кујна,
купатило, 3 ТВ, телефон, сеф, минибар, бежичен интернет. (Зонед 2).

Цената вклучува:

·        Цените се по лице на ноќ на база полупансион (појадок и вечера), за престој во смена нед/нед., освен за кралскиот апартман

·        НВ-полупансион (појадок и вечера) шведска маса

·        Wi-Fi на територија на цел хотел

·        Wellness & Spa центар: внатрешен базен, џакузи, парна бања, сауна, тепидариум, бањарка, папучи (задолжителна резервација)

·        фитнес центар

·        Детско катче 0-12 години

·        бебшко креветче – на барање БЕСПЛАТНО

·        сеф во соба

·        Надворешен паркинг (мал капацитет – ограничени места)

·        Користење на ски – остава (се наоѓа во центар до ски-лифтот)

·        Организиран транспорт до Конаците претпладне и попладне на секој пола саат /повеќе информации на рецепција/

·        Услови за деца и 3. и 4. лице важат исклучиво на 2 полноплатежни лица

 

За престој помалку од 7 ноќевања, цените се зголемуваат за 20% од цените наведени во табелата, исклучиво на барање!

 

Деца до 15 години во спа – центар, исклучиво во пристутво на возрасно лице

Термин за деца во спа-центар е во период од 14 – 18 h.

 

Check In-по 14:00 / Check Out – до 10:00

 

Цената не вклучува:

Такса за престој 120 ДИН по лице од ден (се плаќа на рецепција по пристигнувањето!)

Деца од 7-15 години плаќаат туристичка такса 60 ДИН по лице од ден.

Деца од 0-7 не плаќаат такса

Хотелско осигурување (се плаќа на рецепција по пристигнувањето!) 0,20 ДИН по лице на ден.(возрасни и деца)

 

 

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

За валидна резервација потребна е уплата од минимум 50% од вкупната сума.

Останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.

За реализација на превозот е потребен минимум од 30 патници. Истиот се резервира со 30% уплата а доплата се врши 15 дена пред поаѓање. Во случај на недоволен број на пријавени патници, цената може да претрпи измена.

Такса за престој се плаќа со резервација.

 

Патување во Србија е возможно и со лична карта (важи само за возрасни), за децата е потребен валиден пасош.

Политика на откажување во случај на заболување од Ковид 19 на некој од наведените имиња во резервацијата, пред поаѓање или затварање на граници од страна на двете држави

– Со валидна медицинска документација можно е поместување за некој друг термин доколку има слободни места или враќање на уплатената сума, минусирана за реалните административни и банкарски трошоци

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: