Пребарување

Внесете клучни зборови:

# ДОМА СИ Е ДОМА

Drim 4* Струга \ Македонија

Drim 4*
Струга \ Македонија

 

 

 

 

 

Хотел Дрим – Струга

ОПИС:

Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Без разлика дали сте на одмор, семинар, свеченост, ние сме тука да ги задоволиме сите Ваши сетила. Собите се дизајнирани согласно Вашите потреби и преференци и може да одберете помеѓу двокреветни, трокреветни супериор соби, или пак еден од нашите пространи апартмани. Воодушевувачки почеток на едно прекрасно гастрономско доживување. Без разлика дали сте гостин во хотелот или сте гостин на свадба,  нашите шефови приготвуваат врвни кулинарски специјалитети кои ги стимулираат сите Ваши сетила.
Распоредот, големината и местоположбата на хотелот овозможува локации за секој тип на гости и во секоја сезона
Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.
Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели,
смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.
Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа.
Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот.
Главен ресторан со капацитет од 500 седишта во софистициран банкет стил, главнот ресторан нуди интернационална храна и тематски вечери за гостите од хотелот сервирани во бифе стил.
Национален ресторан,  во градината на хотелот се наоѓа националниот ресторан Струшки Кепенци кој е а ла карт ресторан. Кујната на ресторанот изобилува со модерни специјалитети приготвени со локални продукти, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате уникатноста на македонската традиција.  Со капацитет од 100 седишта во кепенците, но и до 500 седишта во останатиот дел од градината, ресторанот нуди релаксирачка, интимна атмосфера за топлите летни ноќи.

ХОТЕЛ ДРИМ-СТРУГА- ЛЕТО 2021

Тип на соба Ноќевање со појадок
Еднокреветна супериор 39€
Двокреветна супериор 55€
Трокреветна супериор 75€

Цените во табелата се за соба(ноќевање со појадок)

Цената вклучува:

Цената НЕ вклучува:

Доплати и попусти:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: