Пребарување

Внесете клучни зборови:

Индивидуални патувања

островот МАУРИЦИУС

островот МАУРИЦИУС

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МАУРИЦИУС

04.12-13.12.2023

 

Маурициус е еден од најубавите и најпознатите тропски острови на Индискиот океан, кој со својата егзотична природа, недопрени плажи и тропски шуми, го запира здивот на секој посетител. Овде времето застанува, а чуството кое се буди е како да овој остров е сам на светот! Маурициус е дестинација која задолжително треба да биде на Вашата листа на места кои мора да ги посетите!

ПРОГРАМА

04.12.2022 | СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Пријавување на шалтерите на аеродрмот во Скопје, 3 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 20:45 часот. Слетување во Истанбул во 00:15 часот по полноќ.

 

05.12.2023 | МАУРИЦИУС-ИСТАНБУЛ

Кратко транзит време на аердромот во Истанбул, пред предвидениот лет кон Маурициус во 02:15 часот. Слетување на островот во 13:05 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот Manisa Hotel 3*. Сместување во хотелот според политиките на истиот (по 14:00 часот) на услуга појадок и вечера. Слободно попладне за одмор и релаксација. Ноќевање.

 

06.12-11.12.2023 | МАУРИЦИУС

Слободни денови за уживање на прекрасните плажи на Маурициус или посета на факултативни излети за максимално уживање на еден од најубавите острови во светот. Ноќевање.

 

12.12.2023 | МАУРИЦИУС-ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Одјавување од хотелот согласно политиките на истиот. Слободно време до предвидениот трансфер до аеродромот во Маурициус, за летот кон Истанбул во 20:35 часот. Слетување во Истанбул во 06:00 часот наредниот ден. Летот кон Скопје е во 08:25 часот, а пристигнувањето во 07:55 часот локално време.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 1.450 €

 

Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:

  • Повратни авионски билети на релација Скопје-Истанбул-Маурициус-Истанбул-Скопје со авиокомпанијата Turkish Airlines;
  • Аеродромски такси;
  • Рачен багаж до 8 кг по лице;
  • Чекиран багаж до 30 кг по лице;
  • 7 ноќевања со појадок во хотел Jalsa Beach Hotel & Spa 3* во двокреветни соби;
  • Организиран трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром;
  • Патничко осигурување;
  • 24/7 онлајн подршка во текот на целото патување.


Пакет цената НЕ вклучува:

  • Факултативни излети;
  • Доплата за вечера во хотел: 50по лице за целиот престој

 

Напомени:

  • Понудата е валидна за минимум 10 пријавени лица, во спротивно, цената на пакет аранжманот ќе претрпи измени, согласно моменталната цена на авионските билети;
  • Ова патување е во категорија индивидуален одмор, за кој не е предвиден пратител од страна на агенцијата;

 

Општи и корисни информации:

  • Најдобро време за посета на островот Маурициус е периодот меѓу месеците ноември – мај.
  • Валута: локалната валута е рупија. 1 евро = 40,15 рупии; 1 американски долар = 35,88 рупии. Можете да разменувате во хотелите, банките и менувачниците. Банкоматите се широко распространети.
  • Кредитни картички – речиси насекаде е можно да се плаќа со меѓународните дебитни и кредитни картички Visa или MasterCard.
  • Патување – можете да изнајмите автомобил или да користите такси. Во туристичките зони е широко распространето возење на велосипед или мопед. Таксистите работат со однапред утврдени тарифи по километар, кои се гледаат залепени на вратите на возачите.
newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });