Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

Азурен брег 11.05-14.05.2024

Азурен брег
11.05-14.05.2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови. Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и природен парфем во воздухот. Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе засекогаш ќе останат во Вашето сеќавање. Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е создадена да ги заведе очите, умот и фантазијата! Дестинации кои задолжително треба да се најдат на Вашата листа!

 

ПРОГРАМА

11.05.2024 | СКОПЈЕ-СОФИЈА-НИЦА

Пред полноќ, во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Софија, за директниот лет кон Ница во 06:30 часот. Слетувате во Ница во 08:05 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон резервираниот хотел во Ница. Сместување во хотел во официјално време (по 14:00 часот). Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

 

12.05.2024 | НИЦА-КАН-НИЦА

Појадок во хотел. Ден за индивидуални прошетки и посета на Кан. Ноќевање.

 

13.05.2024 | НИЦА-МОНАКО-НИЦА

Појадок во хотел. Ден за индивидуални прошетки и посета на Монако. Ноќевање.

 

14.05.2024 | НИЦА-СОФИЈА-СКОПЈЕ

Рано одјавување од хотелот при што следува организиран трансфер до аеродромот во Ница, за директен лет кон Софија во 08:40 часот. Слетувате во Софија во 11:45 часот. Следува оргнизиран приватен трансфер фо Скопје.

ХОТЕЛ

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

Hôtel Le Seize, Nice 3*, Nice

539€

ibis Nice Centre Notre Dame 3*, Nice

569€

Ibis Styles Nice Centre Gare 3*, Nice

619€

Novotel Nice Centre Vieux Nice 4*, Nice

679€

 

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна/трокревена соба, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });