Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

АТИНА

АТИНА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Атина е град посветен на божицата Атина, по која го добила името и која била нејзин заштитник со векови. Денес, Атина е мултимилионска метропола, бидејќи од своето постоење преживеа подеми и падови како неколку други мегаполи во светот.За историјата на човештвото, Атина е значајна затоа што ги постави темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Сепак, првата асоцијација кога се споменува Атина е Акропол со Партенон како најголем и најважен храм кој доминирал  две и пол илјади години.
Град на историјата, но и главен град на добри времиња. Бил признаен како центар на културата и уметноста дури и во време кога повеќето европски метрополи не ни постоеле. Храмот на Олимпискиот Зевс, стадионот Панатинаик - место на првите модерни Олимписки игри во 1896 година, Кралската палата, црквата Свети Павле, Парламентот, нумизматичкиот музеј Шлиман, главната Трикластагни Миа, Универзитетот и Националниот Библиотека, се само дел од убавината на денешна Атина. Ви нудиме можност за 8-ми Март да уживате во метрополата, во продолжение програмата.....

02.05.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-АТИНА
Состанок на групата на Хотел Русија во 19:30 часот. Поаѓање за Атина во 20:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Организиран превоз од: Кочани (судот), Штип (лукоил бензинска), Велес (Макоил бензинска), Неготно (макпетрол бензинска) и Гевгелија (граничен премин)

03.05.2024 (ПЕТОК) АТИНА
Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно веме за индивидуален разглед. Ноќевање

04.05.2024 (САБОТА) АТИНА-ПЕЛЕПОНЕЗ
Појадок во хотел. Екскурзијата започнува во 08:00ч по локално време. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел 11 од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќеимате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува и се посетува најголемиот и најдобро сочуваниот приметок на класичен грчки театар во Гррција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите театар кој е 2400 години стар!
Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ театарот дури и во последните редови. Не верувате? Ви препорчуваме да го посетите и да се уверите.  Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците со поголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998 година е под заштиа на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескарјни можности за купување од автентични грќки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање

05.05.2024 (НЕДЕЛА) АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Заминување на екскурзија. Првото место што ќе го посетите е пристаниште Пиреја. Некогаш ненаселен остров во близина на Атина, во текот на 5 век п.н.е.. но со полнење на земјата и градење на ѕидови, Пиреја стана дел од градот и атинското присташиште, едно од најголемите пристаништа во овој на дел на Медитеранот. Панормаски разглед на Пиреја што ќе ве воодушеви. Ќе имате можност да ги видиите стадионот на фудбалскиот клуб Олимпијакос. Последното место за посета е Сунион, храмот на Посејдон. На ова место се случила една од најголемите трагедии во грчката митологија, Сунион е веднаш до Делфи, еден од најубавите пејсажи во Грција и пошироко. Храмот на Посејдон стои сам на карпа покрај морето, од кае што атинскиот крал Егеј се врли во очај кога ги видел црните една на бродот на својот син. Неговиот син Тезеј, херојот кој го победил Минотаурот и кој во знак на победа требало да подигне бели еда по враќање во својата татковина во брзање заборавил да го стори тоа што довело до неопислива трагедија. Погледот од Сунион кон отворено море е фантастичен, ќе имате можност да уживате и да пиете кафе со поглед на море. Локалитетот на 05.05 е затворен, но се гледа однадвор а погледот е неверојатен. Заминување кон Атина. Се зимаат патниците кои не одат на овој факултативен излет и се поаѓа кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје по полноќ

 

Промо цена до 12.04139 eвра / 8.620мкд

    Редовна цена на аранжман: 159 евра / 9.860мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

Напомена:

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });