Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2024

Вила Јулианос (Ипсос)

Вила Јулианос (Ипсос)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летнни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та годиа. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години. Добро познатата вила Јулианос, видете цени и термини подолу

Вила Јулианос e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата

 

10% ПОПУСТ за резервации до 12.04.2024
ОСТАТОКОТ НА 7 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата со многу гостопримливи домакини Вила која ја работиме веќе 9то лето и од која имаме само пофалби. Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални). Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Вилата има wifi, телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден).

 

Термин

Цена по лице

25.05-01.06.2024

99 89€

01.06-08.06.2024

115 104€

08.06-15.06.2024

129€ 116€

15.06-22.06.2024

149€ 134

22.06-29.06.2024

149€ 134€

29.06-06.07.2024

159€ 143€

06.07-13.07.2024

169€ 152€

13.07-20.07.2024

179€ 161€

20.07-27.07.2024

199€ 179€

27.07-03.08.2024

209€ 188€

03.08-10.08.2024

209€ 188€

10.08-17.08.2024

229€ 206€

17.08-24.08.2024

229€ 206€

24.08-31.08.2024

229€ 206€

31.08-07.09.2024

169€ 152€

07.09-14.09.2024

149€ 134€

14.09-21.09.2024

139€ 125€

21.09-28.09.2024

129€ 116€

28.09-05.10.2024

99€ 89€

 

 

Во цената е вклучено:

 

 

Во цената не е вклучено

 

Факултативни излети:

 

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.

Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

 

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот. 

Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

 

Крстарење Паксос и Антипаксос

 

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.

Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.

Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

 

НАПОМЕНА:

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });