Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

САНТОРИНИ МАЈ 2024

САНТОРИНИ МАЈ 2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

САНТОРИНИ ЗА ВЕЛИГДЕН

1-7 Maj 2024

За Велигден ве водиме на прошетка на најромантичниот остров познат во целиот свет!

Белиот остров – Санторини е симболичен по кикладската архитектура со бели коцкасти куќички, цркви со сини кровови и улици со калдрма. Се наоѓа на архипелаг на вулкански острови кој се издигаат над тиркизните води на Егејското море. Велигден на Санторини е магично искуство. Церемонијата во најсветото место Пиргос – каде на Велики петок по уличките на селцето се запалени огни и местото магично свети.

Оваа прошетка мора да се доживее!

Програма на патување


01.05 СКОПЈЕ - ПИРЕА. Тргнување од договореното место во Скопје во попладневните часови. Ноќно патување со автобус, со попатни паузи до пристаништето во Пиреа.

 

02.05 ПИРЕА - САНТОРИНИ . Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Во 7:25 со брод се упатување и пловиме кон  Санторини. Пристигнување на Санторини во 15:30. Трансфер до хотел Marybill 4* со автобус и сместување. Факултативна прошетка до градот Оиа, од каде што ќе го проследиме романтичниот залез на сонцето. Ноќевање.        

 

03.05 САНТОРИНИ - Велики Петок. Појадок. Факултативна екскурзија со автобус низ островот. Посета на Акротири - археолошкиот град како дел од Минојската цивилизација. Посета на Црвената плажа,  и  слободно време за фотографирање). Имеровигли - место со најубавите пејзажи на Калдерата. Фиростефани - круна на главниот град Фира, посета на Фира и слободно време за прошетка/ручек. Во вечерните часови се упатуваме кон свечената прослава за празникот Велики Петок, на факултативна екскурзија во Пиргос (Пиргос-прошетка низ највисокото населено место на островот со 42 цркви, со амфитеатрална поставеност на пештерните куќи и сплет со неокласичната архитектура. Посета на остатоците од најголемата Венецијанска тврдина на островот. Прекрасен панорамски поглед на Санторини и Егејското море со другите острови). Следење на свечената манифестација за Велики Петок.  Го гледаме традиционалното кружење на свештените лица и хорот низ целото населено место. По завршување на манифестацијата, се враќаме во автобусот, во хотелот. Ноќевање.

04.05 САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот заминување на факултативна екскурзија со брод на Калдера ( трансфер со автобус до новото пристаниште, продолжување со традиционален брод до островот Неа Камени (Новиот Вулкан), посета и пешачка тура по патеката до врвот на вулканот каде попат ќе ги видиме сите кратери, меѓу коишто највисокиот е активен). Слободно време за фотографирање. Екскурзијата продолжува до Palia Kameni (Паља Камени) - стариот вулкан. Слободно време околу 40мин за капење во термалните води. Екскурзијата продолжува до старото пристаниште под градот Фира. Искачување до градот Фира со магариња или жичара, слободно време во Фира. Враќање во хотел. Во 23:00 одиме во црква за церемонијата за почеток на Велигден. Ноќевање.

05.05 САНТОРИНИ - ВЕЛИГДЕН

Појадок. Факултативна прошетка посета на јужниот дел од островот (Мегалохори - прошетка низ тесните улички со традиционланата архитектура и пештерните куќи, Емпорио - пешачиме по калдрмските улички до Венецијанската тврдина.) Прошетка и посета на црната вулканска плажа на јужната страна на островот со слободно време за ручек. Можност за групна вечерна прошетка.

06.05 САНТОРИНИ - ПИРЕА

Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на винарија и музејот кој што над 450 години  традиционално произведува вино во вулканска пештера длабока 8 метри. Дегустација.                               Со автобус се упатуваме кон пристаништето. Поаѓање со брод кон Пиреа во 15:30. Пристигнуваме во Пиреа во 23:30. Ноќно возење кон Скопје со попатни паузи.

07.05 Пристигнување во Скопје во утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 329 ЕВРА   (ПЛАЌАЊЕ ВО ДЕНАРИ ПО КУРС 62 ДЕН. ЗА ЕВРО)

Во цената е вклучено:

Во цената не е вклученo:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });