Пребарување

Внесете клучни зборови:

Велигден 2024

ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА 01.05-06.05.2024

ВЕЛИГДЕН ВО ДАЛМАЦИЈА
01.05-06.05.2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ве водиме во најубавиот дел од Медитеранот, каде ќе имате можност да ги посетите бисерите на Јадранот: Омиш, Макарска, Сплит,  Бол на Брач со петдневно уживање покрај водите на прекрасниот Медитеран.

Сместување во хотелот Brzet во Омиш.

Oмиш е карактeристичен Далматински историски Град со препознатлив амбиент за Далмација. Бурното и богато минато го подарила градот на сливот на реката Цетина како скапоцено културно и споменичко наследство кое традиционално се чува во римските споменици, гусарските тврдини и природните убавини на кањонот на реката Цетина. Омиш го карактеризира преубавата песочна плажа, единствена на овој дел на Медитеранот.  Целиот град, од Немира, Брзет до Прика, преполн е со преубави вили и уредени станови погодни за одмор и престој.

 

 

ПРОГРАМА

 

1 ден 01.05.2024 (среда) Скопје – Омиш

Тргнување од Скопје во 20:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“. Патување преку Косово, Албанија и Црна Гора со повремени застанувања за одмор.

 

2 ден 02.05.2024 (четврток) Омиш

Во претпладневните часови пристигнување во Омиш. Сместување на групата во хотелот „ Брзет“. Краток одмор. Слободно време –  релаксација на прекрасната плажа на комплексот Брзет. Прошетка по крајбрежното шеталиште до центарот на Омиш. Разгледување на центарот и стариот дел  на градот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

 

 

 

 

3 ден 03.05.2024 (петок) Омиш - Радманови Млинови

Појадок. Слободно време на плажата на комплексот Брзет или на Големата плажа на Омиш (единствена толку голема песковита плажа во овој дел на Далмација) можете да ја посетите и гусарската тврдина над Омиш. Можност за факултативна посета на атрактивните Радманови Млинови. (Од Омиш се оди со мали бродчиња по течението на реката Цетиња до Старата Воденица, каде гусарите со своите мали бродчиња се криеле од венецијанските галии. Тука гостите можат да се насладуваат со далматинска пршута, сирење и маслинки Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

4 ден 04.05.2024 (сабота) Омиш – Брач

Појадок. Слободно време за релаксација на плажата. Факултативна посета на Островот Брач со рибен пикник. Кружно крстарење околу Островот Брач. Посета на прекрасното градче Бол на Брач со посета на знаменитата куќа  Куча у кучи и една од најубавите плажи во светот по сите туристички истражувања Златен Рат. На враќање при пловењето кон Омиш богат ручек( со риба и скара ) на бродот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

5 ден 05.05.2024 (недела) Омиш – Сплит

Појадок. Факултативна посета на Сплит. Присуство на Утринската Велигденска Литургија во православниот храм во Сплит. Разгледување на Диоклицијановата Палата и Стариот дел на Сплит. Искачување  на ридот Марјан од каде се пружа прекрасна гледка на целиот град и морската ширина.На враќање од Марјан можност да се ужива во прекрасните кафетерии под палмите на Сплитската Рива. Тргнување за Омиш. Вечера. Ноќевање.

 

6 ден 16.05.2024 (понеделник)

Појадок. Околу 10 часот напуштање на собите во хотелот и тргнување за Макарска.Разгледување на светилиштето Веприц  каде ке можете да наполните света водичка. Пристигнивање во Историскиот дел на градот . Разгледување на Стариот Град со сите знаменитости како Плоштадот и црквата на Св.Марко, Фрањевачкиот Манастир (со најголемиот музеј на школки), Макарскиот Музеј и посета на Ривата со познатата слаткарница и нејзината светски позната торта Макарана. Потоа тргнување за Македонија со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје некаде околу полноќ.

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 220

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува:

 

 

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });