АРГЕНТИНА И БРАЗИЛ 16 - 27.02.2026, 2026,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

2026

АРГЕНТИНА И БРАЗИЛ 16 - 27.02.2026

АРГЕНТИНА И БРАЗИЛ 16 - 27.02.2026

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

16.02.2026 | СКОПЈЕ – РИО

Состанок на групата, 2 часа пред предвидениот лет од Скопје. Полетуваме кон Рио со 2 прекачувања.

17.02.2026 | РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Пристигнување во Рио во раните утрински или доцните попладневни часови. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот на Копакабана. Сместување во хотел по 14:00 часот.

Слободен ден за индивидуални активности или факултативни излети. Одмор со коктел на плажа до започнување на големата парада на школите на Самбодромо во 20:00 часот.

Неверојатна атмосфера и костимографија која може да се доживее само овде.

Ноќевање.

18.02.2026 | РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Појадок во хотел.

Слободен ден или можност за целодневен факултативен излет до најпознатите знаменитости на Рио де Жанеиро:

  • Планината Корковадо и статуата Христос Спасителот
  • Џунглата Тиџука (Tijuca Forest)
  • Панорамска посета на стадионот Маракана
  • Самбодромо
  • Модерната катедрала на Рио де Жанеиро
  • Шарените скалила Селарон (Selarón Steps)
  • Ручек во локален ресторан
  • Планината Sugarloaf (Pão de Açúcar) со жичара

Спектакуларен поглед кон заливот Гуанабара, плажите Копакабана и Ипанема, особено впечатлив на зајдисонце.

Вклучено: трансфер, влезници (освен Маракана и Катедралата), жичара, ручек и локален водич.

Враќање во хотел или директно на Самбодромо за финалната вечер од карневалот.

Ноќевање.

19.02.2026 | РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Појадок во хотел.

Опуштено утро за прошетка по Копакабана или Леблон. Слободно време за шопинг и ручек.

Во вечерните часови, учество на последните забави од карневалот на плажите на Рио – коктели, самба и незаборавна атмосфера.

Ноќевање.

20.02.2026 | РИО – БРАЗИЛИЈА

Појадок и одјавување од хотелот. Организиран трансфер до аеродром и директен лет до Бразилија.

По пристигнувањето, трансфер до хотел во централниот дел на градот. Слободно време за одмор.

Ноќевање.

21.02.2026 | БРАЗИЛИЈА

Појадок во хотел.

Разглед на градот со локален водич:

  • Катедралата на Бразилија
  • Националниот конгрес
  • Плоштадот на трите власти
  • Меморијалот на Жуселино Кубичек (JK)
  • Palácio da Alvorada
  • Езерото Параноа
  • Мостот Жуселино Кубичек (Ponte JK)
  • Santuário Dom Bosco
  • ТВ кулата на Бразилија

Сите знаменитости се разгледуваат однадвор.

Ноќевање.

22.02.2026 | БРАЗИЛИЈА – БУЕНОС АИРЕС

Појадок и одјавување. Трансфер до аеродром и лет кон Буенос Аирес.

По пристигнување, трансфер до хотел и слободно време.

Ноќевање.

23.02.2026 | БУЕНОС АИРЕС

Појадок во хотел.

Разглед на градот со локален водич и јавен превоз:

  • Ла Бока – Caminito
  • Сан Телмо
  • Плаза де Мајо и Casa Rosada
  • Катедралата на Буенос Аирес
  • Реколета и гробиштата
  • Палермо – паркови и кафетерии

Ноќевање.

24–25.02.2026 | БУЕНОС АИРЕС

Појадок во хотел. Слободни денови за индивидуални активности, шопинг или факултативни излети надвор од градот (аргентински ранчови – гаучо искуство).

Ноќевање.

26.02.2026 | БУЕНОС АИРЕС – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување. Организиран трансфер до аеродром. Лет кон Скопје со 2 прекачувања.

Пристигнување во Скопје наредниот ден.

 

Пакет цена по лице во двокреветна соба: 2799 €

Промо цена (ограничени места): 2599 €

 

Во цената е вклучено:

  • Повратни авионски билети според програмата
  • Рачен и чекиран багаж
  • Аеродромски такси
  • Сите трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во Рио де Жанеиро
  • 2 ноќевања со појадок во Бразилија
  • 4 ноќевања со појадок во Буенос Аирес
  • Разглед на Бразилија со локален водич
  • Разглед на Буенос Аирес со локален водич
  • Туристички пратител на групата
newwaysoftravel Превземи целосна понуда