Кина и Јужна Кореја – Азијска авантура, 2026,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

Препорачуваме

2026

Кина и Јужна Кореја – Азијска авантура

Кина и Јужна Кореја – Азијска авантура

СЕУЛ – ПЕКИНГ – ГУАНГЖУ – ШАНГАЈ

05.04 – 18.04.2026

Откријте ја совршената мешавина од историја, култура и современ живот на ова возбудливо патување низ Кина и Јужна Кореја. Турата започнува во Гуангжу, продолжува кон Сеул и Шангај, а завршува во историскиот Пекинг.


ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ

Ден 1 | 05.04.2026 | Скопје – Истанбул – Гуангжу

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 20:15 часот, со слетување во 22:45 часот. Продолжување кон Гуангжу во 01:20 часот.

Ден 2 | 06.04.2026 | Истанбул – Гуангжу

Пристигнување во Гуангжу во 16:50 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор. Вечера и ноќевање.

Ден 3 | 07.04.2026 | Гуангжу

Појадок. Целодневна екскурзија до клисурата Гулонг во Кингјуан. Прошетка по стаклениот мост Јунтиан и можност за адреналински атракции. Враќање во хотелот и ноќевање.

Ден 4 | 08.04.2026 | Гуангжу – Сеул

Појадок и трансфер до аеродромот. Лет за Сеул во 12:25 часот. Пристигнување во 17:00 часот. Трансфер до хотелот и слободно време.

Ден 5 | 09.04.2026 | Сеул

Појадок. Приватна водена тура до Корејската демилитаризирана зона (DMZ). Враќање во хотелот, слободно време и ноќевање.

Ден 6 | 10.04.2026 | Сеул

Појадок. Целодневна екскурзија до островот Нами и Градината на утринскиот мир. Враќање во хотелот и ноќевање.

Ден 7 | 11.04.2026 | Сеул

Слободно време до попладне. Вечерна водена тура низ Сеул со посета на палатата Деоксугунг, паркот Ханганг и шоуто со фонтани на мостот Банпо. Ноќевање.

Ден 8 | 12.04.2026 | Сеул – Шангај

Ран појадок и лет за Шангај во 10:45 часот. Пристигнување во 11:45 часот. Трансфер до хотелот и слободна вечер.

Ден 9 | 13.04.2026 | Шангај

Појадок. Целодневна тура низ Шангај: градината Ју Јуан, храмот на Буда од жад, Шангајската кула, Француската концесија и Бунд. Ноќевање.

Ден 10 | 14.04.2026 | Шангај

Појадок. Полудневна тура до водениот град Жуџијаџјао со возење со брод. Враќање во хотелот и слободно време.

Ден 11 | 15.04.2026 | Шангај – Пекинг

Појадок и лет за Пекинг во 15:30 часот. Пристигнување во 18:00 часот. Трансфер до хотелот и ноќевање.

Ден 12 | 16.04.2026 | Пекинг

Појадок. Целодневна екскурзија до делот Мутианју од Кинескиот ѕид. Ручек и враќање во Пекинг. Ноќевање.

Ден 13 | 17.04.2026 | Пекинг

Појадок. Водена тура низ Пекинг: плоштад Тјенанмен и Забранетиот град. Слободно време попладне. Ноќевање.

Ден 14 | 18.04.2026 | Пекинг – Истанбул – Скопје

Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул во 00:10 часот, продолжување кон Скопје во 07:25 часот.


ЦЕНА НА ТУРАТА: 2.550 €

Во цената е вклучено:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда