Внесете клучни зборови:
Почитувани патници,
Сакаме да ве известиме дека од 12 октомври 2025 година во Европската Унија започнува постепено користење на новиот систем за влез/излез (EES), за поголема безбедност на границите и контрола на патниците.
Пред патувањето ве молиме да ги проверите актуелните услови за влез на веб-страниците на амбасадите на земјите што планирате да ги посетите.
За патниците со македонски пасош задолжително е да имате валиден биометриски пасош, кој важи најмалку 6 месеци по датумот на патувањето.
Њу Вејс оф Травел нема овластување да одлучува за примена на новите правила и не е одговорна за проблемите при излез и влез на патниците поради недостиг на документи или непочитување на новите правила.
Благодариме на разбирањето и довербата.
Секогаш сме тука за вашите патувања да бидат полесни и безгрижни.
Со почит,
New Ways of Travel