КОЛУМБИЈА И ПЕРУ 28.10.2025 – 10.11.2025, 2025,


Пребарување

Внесете клучни зборови:

2025

КОЛУМБИЈА И ПЕРУ 28.10.2025 – 10.11.2025

КОЛУМБИЈА И ПЕРУ 
28.10.2025 – 10.11.2025

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ве носиме во земјата каде што некои статистики велат дека таму живее една од најсреќните нации на светот. Да, тоа е од Колумбија! Богата и испреплетена историја која ставена на хартија брои илјадници страници. Од Пабло Ескобар до Шакира, Колумбија е земјата која го носи името на можеби најпознатиот лик од минатото за кој секој однас учел во училиште – Кристофер Колумбо. Ја посетуваме Богота, главниот и најголемиот град на Колумбија, кој брои над 50 музеи, 35 библиотеки, 20 плоштади, споменици, театри, културни центри. На нашата агенда е и Меделин, град кој е асоцијација на Пабло Ескобар, најголемиот нарко бос од минатото, кој според информациите, заработувал над 400 милиони долари неделно, со тоа што бил на 7-то место на најбогати луѓе во светот. Меделин во времето на Ескобар било место на вечната борба помеѓу нарко картелите, за денес да прерасне во град на културата и модерната уметност. Картегена е еден од најубавите колонијални градови кои може да ги посетите во Латинска Амрика, а кои со своите преубави згради во шарени бои, калдрмести улици и ритамот на салса, привлекува најголем број на туристи воопшто во земјата. Градот е познат како место во кое прочуениот Габриел Гарсија Маркез ја започнал својата кариера и чие дело "Сто години самотија" е едно од најпродаваните дела на шпански јазик. Авантурата продолжува кон Перу, земјата со најмногу песочни дини во светот, место каде ќе ја почуствувате магијата на Мачу Пикчу, шарените падини на Планината Виножито и долината на Инките каде бушавите пријатели лами, се умилкуваат на посетителите. Во земјата на Инките која е позната по најголемиот биодиверзитет, ќе чуете многу легенди раскажани на шпански јазик, кечуа и и јазикот ајмар, место каде ќе се поклоните на богот на сонцето Инти и творецот на светот Виракоча, а сето тоа послужено со чај од Кока.

 

28.10.2025 | СКОПЈЕ-БОГОТА

Состанок со пратителот на групата, на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет. Пристигнуваме во Богота во попладневните часови. Добредојдовте во Колумбија! По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатуваме кон централниот дел на Богота, каде што овие 3 дена ќе бидеме сместени. Се сместуваме во хотел (пр. Madisson Inn Hotel & Luxury Suites 4* .). Слободна вечер. Ноќевање.

 

29.10.2025 | БОГОТА (Разглед на градот, Monserrate, Gold Museum, Plaza Bolivar)

Појадуваме во хотел. Денешниот ден го поминуваме во разглед на градот Богота и знаменитостите кои овој град ги нуди, од истористки, културен и модерен аспект. Истражуваме места полни со приказни, култура, уметност и локална кујна. Оваа авантура ја започнуваме во стариот дел на Богота, познат како Ла Канделарија, на чиј плоштад се наоѓа Chorro de Quevedo, историско катче на ова нселба, основана во XVI век. Ја истражуваме целата област на Канделарија, посетуваме музеи и плоштадот Боливар, во близина на овој плоштад се наоѓаат и градската катедрала и националниот парламент. Продолжуваме во Музејот на Фернандо Ботер - најпознатиот Колумбијански уметник и музјеот "Casa de la Moneda" или домот на парите. Авантурата ни продолжува кон иконскиот симбол на Богота -- ридот Monserrate кој се издига до 3.152 метри надморска височина, до него стигнуваме со жичарница од која имаме незаборавен панорамски поглед на Богота. На самиот врв се наоѓа и црква каде ја чуваат познатата статуа на ,,Господарот на чудата". Продолжуваме кон Simon Bolivar Park, каде ќе имаме слободно време да уживаме во зеленилото кој истиот го нуди, погоден за прошетки, пикник и рекреативни активности.

Цена по лице: вклучено во пакетот . Вклучено: организиран трансер, локален водич на англиски јазик, пратител од агенцијата, влезница за Gold Museum, Botero  Museum, лесни закуски. Не е вклучен билет за жичара до Monserrate.

Се враќаме во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки или дополнителни предлог факултативни излети излети. Ноќевање.

 

30.10.2025 | БОГОТА

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки или предлог факултативни излети. Ноќевање.

 

31.10.2025 | БОГОТА-МЕДЕЛИН

Одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Картагена, за директниот лет кон Меделин во пладневните часови. Пристигнуваме во Меделин. Со организиран трансфер се упатуваме во централниот дел на градот. Се сместуваме во хотел (пр.Hotel Gallery 4*) во официјално време за пријавување (по 14:00ч).

Слободен ден за прошетки, ручек и дополнителни излети. Ноќевање.

01.11.2025 | МЕДЕЛИН (Pablo Escobar Tour & Comuna 13)

Појадуваме во хотел. Првата личност која ќе Ви падна напамет кога некој ќе го спомне името на Меделин е со сигурност озогласениот нарко бос и еден од најпознатите криминалци во светот – Пабло Ескобар. Оваа тура која трае 4 часа е посветена на патот на Пабло. Ќе ги истражиме точките на градот кој ја обележуваат историјата на Ескобар, неговата населба која ја красат муралите со негивиот лик, гробиштата Jardines de Montesacro Cemetery каде е погребан тој, El Parque de Inflexion и зградата Monaco Building каде во еден период живеело семејството на Пабло. Овде ќе го видиме паркот кој е спомен на жртвите на картелот. На крајот, го посетуваме фамозниот покрив на куќата каде што завршува негиот живот.

 Потоа се упатуваме кон  Comuna 13, некогаш едно од најопасните места во Меделин, Колумбија, денес претставува симбол на урбана обнова, отпор, уметност и надеж. Како туристичка дестинација, Comuna 13 привлекува илјадници посетители годишно кои сакаат да ја доживеат уникатната култура, уметноста на улиците, топлината на локалното население и трансформација на едно претходно изолирано и проблематично подрачје. Слободна вечер. Ноќевање.

Цена по лице: вклучено во пакетот.

Вклучено: повратен трансфер, локални такси, појадок, ручек, локален водич, осигурување, посета на места според програмата. Времетраење: 4 часа.

 

02.11.2025 | МЕДЕЛИН (Guatape El Peñol with Boat, Breakfast & Lunch)

Денешниот ден го започнуваме рано и заминуваме кон градот Guatape (околу 1 час пат). Приститнуваме во градот каде што локалниот водич ќе ни ја раскаже историјата за шарениот град. Овде имаме вклучен појадок, пред да се качиме на брод и запловиме по заливите од каде панорамски ќе уживаме во погледите пред нас, насочени кон Casa Museo, La Cruz, Piedras del Marial, Piedra del Peñol и остатоците од викенд куќата на Пабло Ескобар. Го посетуваме маестралниот монолит од 200 метри висина - Piedra del Peñol, каде ќе имаме можност за неверојатни фотографии од врвот на истиот. Правиме пауза за ручек. Пред да се вратиме назад во Меделин, попатно застануваме во Plaza de Zocalos и уживаме во уметниките мурали на локалните уметници. Се враќаме во Меделин.

Цена по лице: 80. Вклучено: повратен трансфер, локални такси, појадок, ручек, локален водич, осигурување, посета на места според програмата. Времетраење: 10 часа.

 

03.11.2025 | МЕДЕЛИН

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и активности или предлог факулативни излети.

 

04.11.2025 | МЕДЕЛИН-КАРТАГЕНА

Појадок во хотел и одјавување од хотелот. Во однапред договорено време, со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот во Меделин за директниот лет кон Каргатена. Пристигнуваме во вечерните часови. Сместување во хотел (пр. Atlantic Lux Hotel 4*). Ноќевање.

 

05.11.2025| КАРТАГЕНА (Rosario Islands Catamaran with Lunch and Snorkel)

Појадок во хотел.. На овој ден се впуштаме во авантура од околу 8 часа со катамаран. Пловиме до Rosario и San Bernardo National Natural Park. Пловидбата ја започнуваме со пијалок за добредојде, а уживаме во освежителни пијалоци во текот на истата (алкохолни пијалоци со доплата). На катамаранот се сончаме или уживаме засолнети под сенка, се капеме, нуркаме во кристални чисти води и ручаме вкусен специјалитет подготвен од нашиот кувар за денес. Правиме пауза на плажа со бел песок и тиркизна вода.

Цена по лице: 100. Вклучено: трансфер од хотелот од пристаништето на тргнување, пијалок за добредојде, безалкохолни пијалоци во текот на пловидвата, ручек, опрема за нуркање, влезници за National Natural Park, пратител од агенцијата. Времетраење: 8 часа.

Цена по лице: 60. Вклучено: превоз, локален водич на англиски јазик, појадок и ручек, кислород (во случај на потреба), пратител од агенцијата. Времетраење 10-12 часа.

08.11.2025 | (Machu Picchu)

Велат крајот го краси делото, па така најубавата авантура ја оставаме за крајот на ова патување. На овој ден патуваме со светското културно наследство – Macchu Picchu. Тргнуваме рано изутрина со автобус до станицата во Aguas Calientes, од каде со воз заминуваме кон Macchu Picchu. Во текот на патувањето уживаме во комотниот воз со големи прозори преку кои ги воочуваме најубавите глетки и пејсажите на Андите. Од станицата каде се симнуваме, патуваме околу половина час со автобус до Macchu Picchu. Подгответе ги фото апарати! Локалниот водич ќе ни ја раскаже приказната за овој древен град кој се верува дека е изграден во 1450 година пред новата ера, од страна на Инскиот император Pachacuti, како место за одмор. Ги разгледуваме сите точки на градот, уживаме во прекрасните глетки и историјата која овој град ја има зад себе. Правиме пауза за ручек. Се враќаме во Куско по истиот редослед. Слободна вечер пред заминување кон Македонија. Ноќевање.

Цена по лице: 330.: превоз, повратни билети за воз, влезница за Мачу Пикчу, два ипол часа тура со локален водич во градот, пратител од агенцијата. Времетраење 15 часа.

 

09.11.2025| КУСКО-СКОПЈЕ (Со преседнување)

Одјавување од хотелот согласно политиката на истиот. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Куско, за летот кон Скопје (преку Богота). Патуваме кон Скопје со 1 преседнување. Пристигнуваме во Скопје на 10.11.2025.

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 2290
*ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 4 ПРИЈАВЕНИ!

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2490

 

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда