Пребарување

Внесете клучни зборови:

Визи

Туристичка визa за Канада

Туристичка визa за Канада

Канада ги дефинира посетителите како луѓе кои сакаат да влезат во Канада со привремена причина, како туристи, привремени странски работници и интернационални студенти. Сите посетители на канада мора да аплицираат и да добијат туристичка виза од Имиграција Канада, освен ако тие не се граѓани на земјите кои се ослободени од виза. Освен тоа, посетителите не треба да имаат криминално досие или да наметнуваат ризик по безбедноста, треба да бидат со добро здравје и треба да имаат доволно средства да се издржаваат самите себе при нивниот престој во Канада.

Туристичка виза е документ издаден од Државјанство и Имиграција и Канада кој покажува дека странскиот поединец ги задоволил барањата за прием како посетител. Поседувањето на важечка туристичка виза не значи дека службеникот на Имиграција Канада на пристаништето на влез ќе му допушти на посетителот да влезе во Канада. Сите посетители мора секогаш да го задоволат службеникот за виза на пристаништето на влез дека целта на нивната посета на Канада има привремена природа.

Туристичките визи можат да бидат за еден влез за повеќекратен влез, или за целите на транзит. Ако е потребно, за туристичката виза мора да се аплицира и да се добие од Виза службата на Имиграција Канада надвор од Канада. Само за продолжување на туристичката виза може да се аплицира во Канада.  Како општо правило, на туристите им се дава виза за период од шест месеци. Привремените странски работници и меѓународни студенти добиваат виза за различни периоди на време како што е одредено од случај до случај.

Туристичките визи за еден влез овозможуваат влез во Канада само еднаш. Меѓутоа, Имиграција канада им дозволува на носителите на туристички визи за еден влез да ја напуштат и повторно да влезат во канада за време на важноста на нивниот туристички статус ако таквото патување е и од САД или Ст. Пјер и Микелон.

Туристичките визи за повеќекратен влез овозможуваат влез во Канада од било која земја повеќе пати. Овие влезови можат да бидат во време пред истекот на турустичкиот статус.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ТУРИСТИЧКА ВИЗА ЗА КАНАДА:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: