Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

ИСЛАНД 11.10-18.10.2024

ИСЛАНД
11.10-18.10.2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИСЛАНД

11.10-18.10.2024

 

Исланд – островска земја на северот од Европа. Населението овде брои околу 360.000, на кои официјален јазик им е исландскиот. Главен и најголем град на Исланд е Рејкјавик, во кој и живее поголемиот дел од населението на Исланд. Земја со зачудувачко преубава природа, интересни традиции и богата историја. За Исланд имаме толку многу да напишеме, но препорачуваме, сешто нуди оваа држава, да искусиме одблиску оваа есен.

 

ПРОГРАМА

 

10.10.2024 | СКОПЈЕ-ВИЕНА-РЕЈКЈАВИК

Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Виена во 12:40 часот. Слетуваме во Виена во 14:15 часот. Транзит време на аеродромот во Виена, до поврзаниот лет кон Рејкјавик во 21:00 часот. Слетуваме во Рејкјавик во 23:20 часот. По завршување на пасошки и царински формалности, со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот во Рејкјавик. Сместување во хотел со 4* (пример хотел Hotel Reykjavík Grand 4*). Ноќевање.

 

11.10.2024 | РЕЈКЈАВИК

Појадок во хотел. Слободен ден за индивиудални или предлог факултативен излет – “Golden Circle”. Излет во таканаречениот Golden circle кој е дел од Thingvellir националниот парк - геолошка подлога на која се одвојуваат масивните тектонски плочи на Европа и Америка и гејзерот, кои се наоѓаат на листата на УНЕСКО како заштитени природни добра. Гејзерот се наоѓа во долината, заедно со уште педесеттина врели извори чие клокотење може да чуе под земјата. На секои осум минути ќе имаме прилика да се воодушевуваме на ерупцијата, чиј млаз оди цели 30 метри во височина! Исланд заради тектонските пореметувања и вулканските активности има уште 3000 врели извори, места каде избива земен гас, бањи со лековита кал и гејзери. Вистински мал рај за вулканолозите и геолозите! Исто така го посетуваме и величенствениот "Златен водопад" Gullfoss, сместен на глечерската река Hvitá. Се запознаваме со природата на оваа фасцинантна земја обилкувана од вулкански ерупции (цена дополнително). Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

 

12.10.2024 | РЕЈКЈАВИК

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или факултативен излет - водопадите Seljandsfoss и Skógafoss. Се упатуваме на самиот југ на Исланд. Ги посетуваме Seljandsfoss и Skógafoss водопадите, формацијата на некогашните морски карпи одзема здив додека во далечина ги гледаме Eyjafjallajokul и Hekla активните вулкани, но и Sólheimajökull глечерот. Ја посетуваме базалтната плажа Reynisfjara, за која легендата вели дека настанала со скаменување на нескротливите тролови (цена дополнително). Враќање во хотел. Ноќевање.

 

13.10.2024 | РЕЈКЈАВИК

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Ќе го пробаме прочуениот хот дог од јагнешко, ферментирано месо од јакула, димено место од кит и секако пивото ,,Viking’’. Можност за организација на факултативно набљудување на китови. Ноќевање.

 

14.10.2024 | РЕЈКЈАВИК

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет – Snaefellsnes националниот парк. Место кое го инспирирало Жил Верн да го напише своето дело "Пат до центарот на земјата". Уживаме во природата која ја опкружува Kirkjufell планината и Snaefellsjokull глечерот, поминуваме низ типичните рибарски села Hellnar и Arnastapi, се дружиме со локално население, јадеме локална храна и го набљудуваме моќниот Snaefellsjokul вулкан. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

 

15.10.2024 | РЕЈКЈАВИК

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет на Jokullsarlon глечерската лагуна. Правиме обиколка на популарните дијамантски плажи познати по грамадните ледени карпи по кои го добила и името, се воодушевуваме на синилото на водата и глечерите и одиме на тура на животот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

16.10.2024 | РЕЈКЈАВИК

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет и посета на Rejkjanes и Сината Лагуна. По високите планини и пешачење го посетуваме фигуративниот мост помеѓу Европа и Америка но и Gunnuhver топлите извори. На крајот ни останува да и им се посветиме на душата и телото во оаза каде температурата на водата оди од 36-39 целзиусови степени и велат дека има магични и подмладувачки својства. Уживаме во пејсажот одмарајќи се во топлите извори. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

17.10.2924 | РЕЈКЈАВИК

Појадок во хотел. Последен ден за прошетки во Рејкјавик. Во доцните вечерни часови, во однапред договорено време, се одјавуваме од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Рејкјавик, за летот кон Виена во 00:10 часот (на 18.10.2024). Слетуваме во Виена во 06:15 часот. Кратко транзит време до поврзаниот лет кон Скопје во 10:25 часот. Слетуваме во Скопје во 11:55 часот.

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 1299€

 

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомена:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });