Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

ВЕЛИГДЕН ВО ЈАШИ (МОШТИТЕ НА СВ.ПЕТКА)

ВЕЛИГДЕН ВО ЈАШИ (МОШТИТЕ НА СВ.ПЕТКА)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Јаши е вториот по големина град во Романија кој се наоѓа во североисточниот дел на земјата.
и е познат по своето богато културно и историско наследство. Градот е дом на бројни универзитети, музеи,архитектонски знаменитости, вклучувајќи ги Палатата на културата, манастирот Тројца архиереи,манастирот Свети Јован Новиот во готски. Јаши е градот во кој почиваат моштите на најпочитуваната и сакана светица на православието, Мајка Параскева - Света Петка.
Јаши е исто така главен транспортен центар, со меѓународен аеродром и неколку железнички и автобуски станици кои го поврзуваат со другите делови на Романија и Европа. За Велигден имаме програма со 3 ноќевања, 1 ноќевање во Букурешт и 2 ноќевања во Јаши. Во продолжение програмата…



02.05.2024 (ЧЕТВРТОК)- СКОПЈЕ-БУКУРЕШТ
Состанок на групата пред хотел Русија во 19:00ч. Поаѓање за Букурешт. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

03.05.2024 (ПЕТОК) БУКУРЕШТ
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.
Парламентот
Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.
Плоштадот на Револуцијата
Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.
Calea Victoriei
Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.
Куртија Веке
Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

04.05.2024 (САБОТА) БУКУРЕШТ-ЈАШИ
Појадок во хотел. Заминување кон Јаши и пристигнување попладневните часови во Јаши.
Jaши е еден од најстарите градови во Романија. Лоциран во североисточниот дел на земјата, Јаши со векови бил премин на најважните трговски патишта што ги поврзувале Полска, Унгарија, Русија и Константинопол. Длабоко вкоренет во историјата, Јаши е главен центар на молдавската култура од крајот на 1300-тите. Градот се гордее со тоа што е местото каде што е објавен првиот романски весник. Јаши е исто така дом на првиот романски универзитет и е - во денешно време - вториот по големина универзитетски центар во Романија. Јаши може да се пофали со импресивен број на православни цркви, над 100, од ​​кои многу се наоѓаат во нејзината централна област наречена Златна висорамнина (Платол де Аур). Најстарата, кнежевската црква Свети Никола, датира од времето на најголемите владетели во регионот, принцот Стефан Велики (Ștefan cel Mare) кој владеел од 1457 до 1504 година. Разглед на градот. Слободно време. Сместување во хотел. Ноќевање

05.05.2024 (НЕДЕЛА) ЈАШИ
Посета на Соборниот храм на Света Литургија покрај моштите на Света Петка. Разглед на манастирите околу Јаши. Поаѓање кон манастирот Владичен, кој се наоѓа на периферијата на градот Јаши, изграден на местото каде што биле примени моштите на Јован Сочавски во 15 век кога биле пренесени во Сучава. Новата црква е изградена во периодот меѓу двете светски војни од романски монаси кои се вратиле од Света Гора во духот на молдавските цркви од 15 век, а последен пат била обновена на крајот на 20 век. Посета на манастирот Четачуја, задарението на војводата Ѓорѓе Дука, изградена во периодот 1668-1672 година. Манастирската црква се издвојува по својата елеганција, едноставност и точност на пропорциите. Тој е репрезентативен споменик на молдавската феудална уметност од 17 век. Манастирот се наоѓа на истоимениот рид во Јаши, опкружен со лозови насади од кои во манастирот се произведуваат повеќе видови вино. Продолжување на патувањето кон манастирот Хадамба, кој е изграден во 1659 година. Манастирот го изградил Гркот Јанис Хадамба на имотот што му го дал молдавскиот принц Ѓорѓе Ѓика. Комплексот е реновиран во деведесеттите години на 20 век. Во манастирот има чудотворна икона на Пресвета Богородица, која се расплака поради пожар во манастирот во 2003 година. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање

06.05.2024 (ПОНЕДЕЛНИК) ЈАШИ-ЊАМЦ-СКОПЈЕ
Напуштање на собите и одјавување од хотелот. Одење во Соборната црква на Света Литургија, покрај моштите на Света Петка. Обиколка на манастирот Њамц - задужби на војводата Стефан Велики, изграден во 1497 година. Манастирот е изграден врз темелите на постар манастир. Манастирската црква импресионира со надворешните и уметнички украсени фасади. Во манастирот има две чудотворни икони на Пресвета Богородица, свети мошти на Пајсиј Величкоски и неименуван светител, делови од моштите на свети Симеон Столпник и Свети Јован Јосевит. Ноќно возење низ Романија и Бугарија со кратки застанувања по пат за одмор Пристигнување во утринските часови во Македонија.
 

Промо цена на аранжманот за уплати до 12.04: 219е / 13.580мкд
Редовна цена на аранжманот: 249 eвра / 15.440мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз на релација Скопје-Букурешт-Јаши-Скопје
*Организиран превоз од: Битола (Спортска сала), Прилеп (Лукоил бензинска), Кавадарци (Дреново) Кочани (Основен суд), Велес (Макпетрол карши лукоил), Штип (Бензинска Лукоил), Скопје (хотел Русија), Куманово (Макпетрол бензинска) и Крива Паланка (Макоил)
-1 ноќевање во хотел со 3* со појадок во Букурешт и 2 ноќевања со појадок во Јаши во хотел со 3*
-Посета на Соборниот храм во Јаши
-Разглед на Букурешт
-Разглед на Јаши
-Туристички придружник од агенција

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Патничко осигурување
-Туристичка такса од лице (4.5 евра за 3 ноќевања)- се плаќа во агенција
-Индивидуални тропшоци
-Манастир Њамц- 20 евра од лице


НАПОМЕНИ:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање .
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош.
-Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute Black Friday понуда или друг тип на промоција, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел во случај на overbook или други технички причини со подобра или иста категоризација

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });