Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

КРФ

КРФ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сигурни сме дека Крф го замислувате како остров со песочни плажи, сини води и луксузни хотели. Па, Крф е многу повеќе од ова. Најдобриот начин да го откриете сами, додавајќи духовен пресврт во вашето патување, е да го посетите Крф во време на Велигден! Но, што е сепак толку посебно за Велигден на Крф? Прославен во пролет, Велигден на Крф е совршена шанса да уживате во одличното време, бујното зеленило на островот и бескрајните сончеви прошетки низ градот Крф. Уште повеќе, тоа е одлична можност да се искусат локалните традиции и начинот на живеење на мештаните. Традиционалните обичаи, настани, фрлање на глинени садови полни со вода, многу музика, вкусна храна и духовни вибрации ќе ве натераат уште подлабоко да се заљубите во Крф. Славните велигденски празнувања започнуваат на Цветници и продолжуваат до Велигденска недела. Интересниот дел е, иако православниоѕ Велигден и католичкиот Велигден не се слават во исти денови, католичките цркви учествуваат во прославите на православниот Велигден. Ова чувство на заедница и заедничи е она што го прави Крф Велигден единствен! Секоја година, луѓето од Грција и од целиот свет се собираат во градот Крф, центарот на свеченостите, за да го прослават Велигден. За градот Крф (Керкира) не треба да се опишува многу, кога ќе шетате низ градот ќе се почувстувате како да сте во: Венеција, Болоња, Дубровник... сите тие тесни улички ќе ве потсетат на нешто што ќе помислите дека некогаш сте биле а всушност сте за прв пат таму. Во продолжение прочитајте ја нашата програма за Велигден.
 

02.05.2024 (ЧЕТВРТОК) ЧЕТВРТОК

Состанок на група кај хотел Русија во 21:00ч (точното време на поаѓање ќе се знае на 7 дена пред реализација на патувањето поради возниот ред на траектите). Имаме организиран превоз од: Kочани, Штип, Куманово, Скопје, Велес и Гевгелија. Следува ноќно возење со вклучени попатни паузи Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови. Пристигнуваме на пристаништето во Игуменица, од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф.

 

03.05.2024 (ПЕТОК) КРФ ВЕЛИКИ ПЕТОК

Веќе сте се расониле со првото фрапе кога сино бистрите води на јонското море почнуваат пред вас да ја откриваат Керкира (градот Крф) и вашиот поглед најпрво ќе го привлече старата тврдина која го чува градот.

Од пристаништето во Крф, не очекуваат уште само 20 минути пат до нашата крајна дестинација Ипсос и Дасиа, кој на прв поглед ќе ви покаже зошто е врвот на фантастичната атмосфера на островот.

По сместувањето имате време за одмор, јадење и запознавање на околината. Во попладневните часови заминување кон градот Керкира. Програмата официјално започнува со првата посета на стариот град КРФ. Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Обиколка низ градот за подобро запознавање. Слободно време за индивидуални активности.

Враќање во Дасиа и Ипсос. Ноќевање 

04.05.2024 (САБОТА) КРФ

Одморени од долгиот ден и со смирени импресии од првата посета на градот, се подготвуваме за следење на вториот дел, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува утрото. Велигденските празнувања се на врвот на Велика Сабота! И верувајте ни кога го кажуваме ова, гледањето и учеството во обичаите на Велика Сабота е една од најдобрите работи што може да се направат на Крф. Во 6.00 часот наутро во црквата Богородица „Ксенон“ во Свети Спиридон се одржува интересен ритуал. Се предизвикува вештачки земјотрес, за да го претстави земјотресот за време на воскресението, како што е опишано во Светата Библија. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Подоцна во 9.00 часот започнува поворката на моштите и епитафот на Свети Спиридон. Иако поворките на епитафот се традиција на Велики петок, епитафот на Свети Спиридон – заштитникот на Крф – е исклучок! Ова е најстарата поворка на епитафот на Крф, започната во 1550 година, во спомен на Свети Спиридон, кој наводно го спасил островот од фатален глад.

Поворката, се разбира, е придружена од три филхармонии на островот, кои играат тажни маршеви. Филхармонискиот оркестар „Манцарос“ ја свири „Calde Lacrime“ на Мишели, филхармонијата „Стара“ ја игра „Амлет“ на Фацио и филхармонијата „Каподистриас“ ја игра Бетовеновата „Марсија Фунербе“. Во 11.00 часот се одржува таканареченото „Прво воскресение“ во црквите на островот. Ѕвоната на црквите весело бијат и познатиот обичај „Ботиди“ се одржува во градот Крф.

За што е овој обичај?

Луѓето фрлаат големи глинени садови полни со вода од нивните балкони, додека толпата го гледа спектаклот и филхармонијата на островот како играат религиозни маршеви. Овој обичај потекнува од венецијанската окупација, кога луѓето ги фрлале своите стари работи од балконите во новогодишната ноќ, очекувајќи од новата година да им донесе нови работи. Според други, овој обичај потекнува од античко време, кога луѓето во април ги фрлале старите глинени стомни, за да ги наполнат новите со овошје. Трето објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Како и да е, сè уште е многу популарен обичај на Крф! Во исто време, обичај, наречен „Мастела“, се одржува во областа Пинија, во центарот на градот на Стариот град. Покрај патот е поставено големо буре полно со вода. Секој што поминува треба да фрли паричка во неа. Кога ќе се случи „Првото воскресение“, се избира случајно лице кое минува да биде фрлено во бурето, за да ги собере монетите од неговото дно. По настаните враќање Слободно време за одмор и индивидуални активности.Во вечерните часови, поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение. Честит Велигден, Христос воскресе! 

05.05.2024 (НЕДЕЛА) ПАЛЕОКАСТРИЦА

Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица – место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват.

Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм од кој ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови по што може да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.

При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова, како и малиот музеј за производство на маслиново масло.

Ќе си направиме и уникатни панорамски слики од местото кое не може поубаво да се опише освен со зборовите Bela Vista, каде небото и водата се спојуваат. Mожност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Забава во еден од најатрактивните ноќни барови во Ипсос. Олеа со својот уникатен декор и маркантното маслиново дрво во центарот на подиумот веднаш ќе ви го привлече вниманието и ќе ве освои со атмосферата. Ноќевање.


06.05.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)- АХИЛЕОН-СКОПЈЕ

Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00 ч. по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата. Оваа палата е изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт. По нејзината смрт останала напуштена до 1907 год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија.

Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела. Тие ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик. Токму затоа во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил. Токму затоа и самата палата го добива неговото име.

Посетата на Палата е факултативна, кој не сака ова време го користи за прошетка низ градот Крф.

Во попладневните часови заминување кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОT: 139 евра / 8620мкд

ПРОМО ЦЕНА ДО 12.04: 129евра / 8000мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Автобуски превоз Скопје- Игуменица- Скопје

-Превоз со траект Игуменица – Крф – Игуменица

-Сместување во приватни вили 3ноќи/4дена во Ипсос и Дасиа

-Три организирани посети на градот Крф, со превоз со цел следење на процесијата и прославата за -Христовото воскресение

-Професионален придружник од агенцијата за време на целото патување и сите активности
 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис (20 евра)
*Mожност за посета на Аквариум (доплата 7 евра)
-Патничко осигурување.

-Организиран превоз и влезница во Палатата Ахилион/палатата на Сиси- 20 евра (разглед на градина)

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });