Пребарување

Внесете клучни зборови:

Зима 2024

ЈАХОРИНА ЗИМА 2024

ЈАХОРИНА ЗИМА 2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Јахорина

Легендата на Југославија – Јахорина. Ски-центар за носталгија, каде домаќините ве поздравуваат на секој чекор и каде гостинот се чувствува како дома во вистинска смисла на зборот. Највисокиот врв Огорелица со 1916 м/нв, со одлично уредени ски патеки (во должина од 20 км), добро поврзани со 1 гондола, 3 шестоседи, 1 двосед, 3 ски лифта и 1 baby лифт. Од сезоната 2019/2020 на располагање е новата гондола со кабините со 10 седишта. Делумно е покриена со системот за вештачко оснежување во вкупна должина од 3290 м. Просечен број на денови со снегот е преку 150, кој достигнува височина и до 3 м. 

Од Сараево е оддалечена само 28 км. Голем број на новоизградени хотели, кафетерии и ресторани, а пред се надалеку познато гостопримство на мештаните, се гаранција за уживање во топла, домашна атмосфера.

Јахорина претставува рамнотежа помеѓу квалитетно скијање, убава природа, традиционално добра забава и уникатна кујна. Патеките на Јахорина се широки, опремени со вештачки снежен систем, осветлени и погодни за сите ентузијасти во скијање, без оглед на нивното знаење за скијање. Посебна е заради своите одлични скијачки стази, кои делумно се протегаат над шумската линија, нудејќи прекрасен поглед кон околните ридови, 20 км ски стази за почетници и најпребирливите скијачи, кои можат да се тестираат на стрмни и олимписки патеки. Во секој случај, Јахорина е еден од најубавите ски-центри на Балканот и наша препорака да ја посетите!

ПОНУДИ НА ЛИНКОТ

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });